Алберобело - Наполи - Амалфи - Позитано - Помпеа - Везув - Матера
1 ДЕН 20.05.2022 (Скопје – Драч – Бари)
Поѓање во 13 часот од Скопје за Драч од хотел Вип, наспроти Ист Гејт мол. Попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект и ноќевање на траект.

2 ДЕН 21.05.2022 (Бари – Арбелобело – Наполи)
Пристигнување во Бари во утринските часови. Поаѓање за Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многубројните бели куќички од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули”, градени во XV век. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност да се доживее оригиналноста на овој град како од бајките. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 22.05.2022 (Наполи – Помпеа и Везув - La Reggia Designer Outlet – Наполи)
Појадок. По појадокот полудневна посета на Помпеа и Везувио. Посета на археолошкото наоѓалиште Помпеја, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година од нашата ера кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили… Патувањето продолжува покрај вулканот Везув кој доминира над целиот Неаполски залив, на височина од 1.120 метри. Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet. Слободно време за прошетка во прекрасниот амбиент со широк спектар на продавници, кафулиња и ресторани. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Ноќевање

4 ДЕН 23.05.2022 ( Наполи - Амалфи и Позитиано - Наполи)
Појадок. По појадокот, целодневна посета на Амалфи и Позитиано. Патот води до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег. Позитиано е мал град, величенствен на секој чекор , познат по отмените вили кои се како вградени во карпите и каскадно се спуштаат кон морето. Во договор со групата, заеднички ручек во Амалфи или Позитиано. Во однапред договорено време поаѓање кон Наполи. Разглед на Наполи со водич со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko. Ноќевање.

5 ДЕН 24.05.2022 (Наполи – Mатера - Бари – Драч – Скопје)
Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Матера, прогласена за најдобра дестинација во светот во 2019 година и престолнина на Европската култура. Се наоѓа во областа Базиликата кој бил и главен на оваа област, од 1663 година до 1806 година. Градот наликува на Ерусалим и е урбан феномен каде секое камче ја зачувало својата автентичност и е под зашитита на УНЕСКО. Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура , Поезија во камен.. Сплет на сите урбанистички стилови, единствен по многу нешта.. Овој магичен град е просторот каде што времето застанало.. Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, претежно Холивудски. “Евангелието на Мaтеј” во 1964 г. од Пиер Паоло Пазолини e eден од филмовите, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година. Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Драч. Ноќевање на траект.

6 ДЕН 25.05.2022 (Драч – Скопје)
Пристигнување во Драч, попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена до 01.05 = 259 евра
Редовна цена = 289 евра
Цената вклучува:
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Превоз со брод на релација Драч – Бари – Драч (седиште на брод)
  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во околината на Неапол
  • Посета на Алберобело со локален водич на српски јазик
  • Посета на Неапол со локален водич на српски јазик
  • Посета на шопинг центарот La Reggia Designer Outlet
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

Цената не вклучува:
  • Посета на Амалфи и Позитано со локален водич на српски или бугарски јазик 60 евра
  • Посета на Помпеа и Везув со локален водич на српски или бугарски јазик – 40 евра
  • Задолжителна посета на Матера со локален водич на англиски јазик 30 евра
  • Доплата по лице за четирикреветна кабина на траект 20 евра во правец
  • Доплата по лице за двокреветна кабина на траект 30 евра во правец
ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.ИТАЛИЈА :
Потврда, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson)

Доколку не сте вакцинирани со вакцините признаени од Р. Италија или пак не сте вакцинирани воопшто, признаен е и:
Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Италија
Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Италија )

НАПОМЕНА : За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, Организаторот на патувањето не е овластен да одговара за исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.