Palazzo Avino – „Барби“ хотелот на Амалфитанскиот брег

Сместен високо над брегот, во шармантниот град Равело, Palazzo Avino претставува вистинска дефиниција за луксуз, елеганција и италијанска префинетост. Овој впечатлив хотел, кој многумина го нарекуваат и „Барби хотел“ поради неговата препознатлива розева фасада, изгледа како да е излезен директно од бајка.

Хотелот е сместен во историскиот Palazzo Sasso – поранешна благородничка резиденција од 12 век, која по темелна реконструкција повторно ги отвори своите врати во 1997 година. Денес, Palazzo Avino нуди 43 соби, вклучувајќи 10 луксузни апартмани, уредени со внимателно одбрани антиквитети и детали кои го одразуваат вистинскиот дух на Италија.

Она што го прави овој хотел навистина посебен е неговата уникатна локација. Сместен на 350 метри надморска височина, Palazzo Avino нуди спектакуларни погледи – од едната страна се простираат зелените планини, а од другата блеска синиот хоризонт на заливот. Оваа комбинација создава совршена атмосфера за релаксација и уживање.

Покрај неверојатната архитектура и погледите, хотелот нуди и врвни услуги и искуства. Гостите можат да уживаат во загреаниот надворешен базен или да се релаксираат во SPA и велнес центарот. За љубителите на гастрономијата, тука е Rossellinis – ресторан со 1 Мишелин ѕвезда, каде секое јадење е вистинско уметничко дело.

За полесна, но подеднакво стилска атмосфера, тука се Caffé dell’Arte, Terrazza Maraviglia и познатиот Lobster & Martini Bar – совршено место за коктел со поглед што го одзема здивот.

Хотелот нуди и солариум со надворешни џакузи, 24-часовен room service, како и ексклузивни услуги како лимузина или хеликоптерски трансфер по барање. Посебен бисер е Club House by the Sea – приватна вила покрај море со директен пристап до водата, лоцирана на само 15 минути од Равело.

Palazzo Avino не е само хотел – тоа е искуство кое комбинира историја, луксуз и магична атмосфера. Со својата розева фасада и софистициран стил, сосема оправдано го носи прекарот „Барби хотел“ и претставува една од најфотогеничните дестинации на Амалфитанскиот брег.

Хотелот повторно ќе ги отвори своите врати на 3 април 2026 година – совршена можност да го доживеете овој розев сон во живо со Монд Травел
https://www.mondtravel.info/neapol-i-bregot-na-amalfi/ 

 

Галерија