Болоња во ФЕВРУАРИ
Авионски програм со поаѓање од Скопје
Термин: 17-21.02.2025
*Индивидуална програма со можност за патување на други датуми*
Болоња – гастрономски рај на Земјата. Мајка на пармезанот, мортаделата, пршутата од Парма и „ацето балсамико“. Овој град е уште и нарекуван и „La Dotta“ – научен, „La Rossa“ – црвен (алузија за архитектурата во стариот дел на градот), но и „La Grossa“, што во превод значи – „дебелката“…
Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „Болоњезе“. Помалиот број на посетители е она што ја прави посебната атмосфера во овој град, како и односот кон туристите.
Ден 1:
Февруари 17. 2025
Состанок на аеродромот во Скопје. Попладневен лет за Болоња. По пристигнувањетоо во Болоња, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне!
Бидејќи слетувањето е во попладневните часови, првиот ден го испланиравме за запознавање со гастроносмата страна на Болоња. Препуштете се на тесните улици полни со историја и уживајте во мирисите на болоњезе сосот кој најчесто се служи со рачно направени таљатели. Вкусете ги незаборавните сендвичи со мордатела, разни сирења и неизбешните слатки.
Ден 2: Февруари 18.2025
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, обиколка на градот. Обиколката се започнува кај
Нептуновата фонтана од 16 век, која е направена од фламанскиот скулптор Гиамболоња и е еден од симболите на градот, но и симбол за папската моќ, бидејќи се верува дека папата владее со светот неприкосновено, како што и Нептун владеел со морето. Фонтаната се наоѓа на плоштадот
Piazza del Nettuno, во чија близина е лоцирана и
Salaborsa, јавна библиотека и мултимедијален центар во
палатата d’Accursio. Под стаклениот под на главниот ходник во Salaborsа може да се видат остатоци од средновековната и ренесансната Болоња. Освен Salaborsа, во палатата d’Accursio се наоѓа и градската уметничка колекција со околу 250 вредни слики од средниот век па се до 19 век. Од Нептуновиот плоштад прошетката се продолшува кон главниот плоштад
Piazza Maggiore. Тука ќе ги видиме монумнталните зданија како: ренесансниот
Palazzo dei Banchi, Palazzo dei Notai од 14. век во кој било седиштето на нотарскиот еснаф,
Palazzo dei Podesta од 13. век во кој некогаш биле сместени високите функционери. А од 16-18 век веќе била театар. Тука е сместена и базиликата
Св. Петрониј, најголемата готска црква на светот, изградена од цигли која е посветена на болњскиот бискуп од 5 век. Меѓудругото, во црквата се наоѓаат и два пара исклучително зачувани оргули од 15 и 16 век. Исто така е позната по фреските од 15 век од сликарот Џовани Да Модена, кои прикажуваат како муслиманскиот пророк Мухамед во пеколот во растргнуваат демони. Тука е и
ознаката за меридијан која во 1655 год. Ја пресметал и креирал италијанскиот астроном Џовани Доменико Касини и која со исклучителна прецизност за тоа време ја одредува должината на соларната година и се смета за најголемото астрономско достигнување во светот. Крајот на оваа прошетка го крунисуваме со посета на пролазот
Voltone del Podesta, кој се наоѓа помеѓу Palate di Podesta и Palate Re Enzo. Интересна работа за овој пролаз е неговата неверојатна акустичност. Доколку од едниот крај шепнете нешто, особата која се наоѓа на другиот крај ќе ве слушне чисто, јасно и гласно. Ноќевање во хотел.
Ден 3: Февруари 19.2025
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, разглед на градот, прошетка по улицата Via dell’Archiginnasio, која ја краси преубавиот аркаден пролаз Portico del Pavaglione. На оваа улица ќе најдете и бројни продавници како и градскиот археолошки музеј сместен во палатата Гавани од 15 век каде ќе дознаете повеќе за етрурското и римското минато на Болоња, но ќе имате и прилика да видите врвнна колекција на египетски артефакти, едни од најзначајните во Европа. Низ улицата се наоѓа и Palazzo dell’Archiginnasio, првото седиште на Болоњскиот универзитет. Спротивно од неа се наоѓа капелата Santa Maria dei Bulgari, а вреден за посета е и амфитеатарот Анатомико, декориран со резбано дрво во кое се одржувале вежби по анатомија. Тука може да се види и познатат статуа Ercole Lelli– Spellati- без коски. Во близина е и базиликата Св. Доменик во кое се наоѓаат моштите на Св. Доменик во ковчек кој се смета за посебно вредно уметничко дело, а помеѓу бројните уметнички предмети, се издвојува свеќникот во облик на анѓел, дело на младиот Микеланџело и статуата Никола Пизана и Никола ДелАрка. Прошеткатапродолжува кон плоштадот Piazza Santo Stefano, на кој доминира истоимената базилика. Но ако малку подобро погледнете ќе приметите дека не се работи само за една туку за седум цркви, затоа е и позната како Sette Chiese. Продолжувате низ засводениот пролаз Corte Isolani, во кој се наоѓаат ресторани, енотеки и продавници. Продолжувате кон улицата Strada Maggiore од каде ќе имате сјаен поглед кој кулите Асинели и Гарисенда која една поред друга стојат на плоштадот Porta Ravegnana. Oсвен што кулите имале војна функција, тие со својата големина сведочеле за грандиозноста и богадството на племенитите фамилии во чие сопствеништво биле. Ако појдете кон Via Indipendenza, ќе запознаете една неочекувана страна на Болоња, која потсетува на Венеција, Findestrella di Via Piella. Овде се наоѓаат подземни водени текови кои пред само 2 века биле отворени канали, сега само на неколку места може да се види како водата протекува низ куќите. Најпозната атракција овде е прозорецот на каналот Delle Moline, кој пружа шармантен поглед на каналот и мостот преку него.
Ден 4: Февруари 20.2025
Појадок во хотелот. Слободно време до трансфер на аеродром, можност за индивидуален активности Посета на Модена и музејот на Ламбурџини и Ферари. Катедралата “Dumo Di Modena”, Музеј куќата на Енцо Ферари, Спомен куќата на виртуозот Лучијано Павароти, “Piazza Grande”, “Acetaia giusti” - најстариот производител на балсамински оцет од Модена, основан во 1605 година. Денес, компанијата ја води 17-та генерација на семејството Giusti. Историја од повеќе од 400 години полна со награди добиени за време на Светските изложб, меѓу нив: 14-те златни медали и грбот на Кралската куќа на Савоја кои сега ги карактеризираат етикетите на нашите шишиња. Колекциите Giusti Balsamic Vinegar се достапни во најексклузивните ресторани и продавници во Италија и ширум светот. Враќање во хотелот во Болоња. Ноќевање.
Ден 4: Февруари 21.2025
Одјавување од хотелот во утринските часови, слободно време до трансфер на аеродром. Трансфер на аеродромот во Болоња, лет за Скопје.