БУДИМПЕШТА- Божиќен базар

Авионски програм со поаѓање од Скопје
Термин: 04-08.12.2024


Будимпешта е еден од најубавите европски престолнини. Некогаш посебни градови Будим и Пешта, одвоени со река, пред 150 години се сплотуваат во едно со изградбата на Ланчениот мост. Главните атракции во Будимпешта се достапни за посета со пешачка обиколна низ градот поради својата близина. За оние со помалку кондиција, секако тука е и совршено организираниот јавен превоз.

Програма на патување

Датум  
Прв ден
04.12.2024
(Среда)

 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Попладневен лет за Будимпешта.

По пристигнувањетоо во Будимпешта, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне!

 
Втор Ден
05.12.2024
(Четврток)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, панорамски разглед на градот со брод по Дунав.

Со пијалок во рака, завземете го своето место на палубата и препуштете се на минатата “Златно доба”. Мостот Маргарет, Буда замокот, Szechenyi Lanchid, градините, Цитадела, Св. Гелерт Термалните бањи и базени, Гелерт ридот, Универзитетот, Бална, “Pesti Vigado”, Унгарската академија за науките, Унгарскиот парламент, Маргарет мостот. Во вечерните часови, прошетка низ центарот на Будимпешта и уживање во Божиќниот базар.
 
Трет Ден
06.12.2024
(Петок)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, Градот Сзентендре кој е одалечен само 20км од Будимпешта или 40 тина минути со јавен превоз.

Заменете го метежот и вревата на Будимпешта за еднодневно патување во живописниот град на брегот на реката Дунав — Сзентендре. Градот на културата, историјата и неверојатната архитектура под заштита на УНЕСКО.
 
Четврт Ден
07.12.2024
(Сабота)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, уживање во една од многуте спа бањи во Будимпешта или/и посета на магичната зоолошка градина во Будимпешта.
 
Пети Ден
08.12.2024
(Недела)

Одјавување од хотелот во раните утрински часови и трансфер до аеродромот во Будимпешта. Лет за Скопје.

Крај на патувањето.
 
ЦЕНА
399€
24.228 мкд
 

ПОЈАДОК
АВИОН
4 НОЌИ


Во цената се вклучени следните услуги:
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Будимпешта-Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 8кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром Будимпешта-Хотел Будимпешта-Аеродром Будимпешта
  • 4 ноќевања во хотел со 3* во Будимпешта на база ноќевање со појадок
  • Организација и реализација на парувањето
 
Во цената не е вклучено:
  • Дополнителен багаж од 10кг - 55 еур доплата
  • Дополнителен багаж од 20 кг - 70 еур доплата
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги
Хотел во понуда:
 

Хотелот “Full Moon Budapest” 3 * се наоѓа на само 1.5км од центарот на градот. Во близина на хотелот се наоѓаат “ Nyugati pályaudvar”, Унгарскиот парламент,  Унгарската опера... Хотелот поседува бар, ресторан, кафуле каде можете да ужувате во попладневната закуска или пак да се опуштите со чаша вино по долгата прошетка. Во склоп на хотелот се наоѓа и детска игротека. Бесплатен “Wi-Fi” е достапен во јавните простории на хотелот.
 

Знаменитости во близина на хотелот:
  • Hungarian Parliament Building - 580 m
  • Hungarian State Opera House - 1.3 km
  • St. Stephen's Basilica - 1.3 km
  • Chain Bridge - 1.4 km
  • Fisherman's Bastion - 1.6 km
  • Matthias Church - 1.7 km
  • Buds Castle - 2.0 km
  • City Park - 2.2 km
  • Budapest Zoo - 2.2 km
  • Szechenyi thermal barh - 2.5 km

Напомена:

• Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот.
• Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
• Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
• Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца УПI 13-178.
• При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
• Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
• Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
• За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
• Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар
• Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи. • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
• Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
• Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
• Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
• Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
• Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
• Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
• Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
• За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
• Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
• Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
• Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
• Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
• Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
• Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
• Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
• Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции.
• Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
• Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
• Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
• Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
• Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.