ДУБАИ СО ЛЕТ ОД СКОПЈЕ!!!
Групно поаѓање со водич од Скопје
Термини: 22-28.04.2026
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!
18+ посети вклучени во цената!!!

ЕДИНСТВЕНИ ЦЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА!!!
Предлог програма на патување:
1 Ден 22.04.2026

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во попладневните часови. Лет за Дубаи со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Дубаи наредниот ден во раните утрински часови.

2 ден 23.04.2026

По слетувањето во Дубаи во раните утрински часови, трансфер до хотелот во Дубаи, ноќевање.
По одморот, факултативен излет  Пустинско сафари.  Адренслинско доживување какво до сега не сте доживеале никаде во светот. Лудо возење по високите пустинските дини, магични слики и бордање на песок, сликање со камили, слики со традиционална арапска облека и цртање со кна се само дел од активностите кои ќе ги искусиме. По возењето, посета на импровизиран бедуински камп и вклучена вечера со традиционални танци, стомачен танц, дервиши, фрлачи на оган и што ли уште не. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 3 ден 24.06.2026

Појадок во хотелот. Во утринските часови, уживаме на некоја од плажите, а во попладневните часови, можност за факултативена посета на “Miracle Garden” и ”Global Village”.
“Miracle garden”- Магичните градини со огромни зданија направени од цвеќиња. По посетата на градините се упатуваме со индивидуален факултативен трансфер до “Global village”- огромен панаѓур каде ќе се запознаеме со културата, храната, традициите на повеже од 50 земји од светот. Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање. 
 


4 ден 25.04.2026

Појадок. Индивидуални активности или можност за факултативна посета на “Burj Khalifa” - искачете се на највисоката кула во светот се до 124 кат. Имајте го целиот Дубаи на дланка од височина на облаците. Во вечерните часови, факултативен излет Крстарење по Марината со вклучена вечера. Доколку некој од патниците не земе факултативен излет, истите можат да уживаат на некоја од плажите, во придружба на пратителот на групата. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден 26.04.2026

Појадок во хотелот. Излет целодневен разглед на Дубаи (вклучен во цената). Овој ден е наменет за уживање во убавините на Дубаи. Посетата ја започнување со посета на “Zaabel Palace” – официјалната резиденција на кралската фамилија “Al Maktoum”, посета на музејот на иднината (без вклучена влезница), посета и сликање до џиновската рамка “Dubai Frame”. Прошетката ја продолжуваме кон  стариот дел на Дубаи Бастакиа, каде што ќе ги видиме традиционалните куќи на некогашните номади. Крикот го поминуваме со традиционалната абра (чамец) и стигнуваме до пазарот за злато и зачини, Овде, покрај неодоливите ориентални мириси од зачините и парфемските ароми, во овој дел ќе го видиме и најголемот златен прстен во светот кој уште во од 2000 та година, гордо го држи гинисовиот рекорд за најдолем златен прстен во светот. Разгледот продолжува кон Етихад музејот и следна станица ни е џамијата “Al Farooq Omar Bin Al Khattab”. Правиме неверојатни слики со фамозниот хотел сидро “Burj Al Arab” и со монореил се возиме се до Палмата и познатиот хотел “Atlantis The Palm” . Следна дестинација ни е “JBR skyline from Palm Jumeirah” од каде правиме слики од милион долари. Дубаи Марината, дел од градот каде можете да ги најдете најексклузивните ресторани и клуб плажи. И како последна станица но не помалку интересна “” Dubai mall”, познатиод трговски центар со преку 1200 продавници, во чија близина се и ќе ги посетиме познатиот водопад, Дубаи аквариумот (без влезница), стаклениот прозоред и неверојатните танцувачки фонтани како и фантастилната “Burj Khalifa”- највисоката кула во светот . Враќање во хотелот. Земање на багажот и трансфер до аеродром. Ноќевање.

6 ден 27.04.2026

Појадок во хотелот. Одјвување од хотелот. Факултативен Излет целодневен разглед на Абу Даби. Овој ден е наменет за уживање во убавините на Абу Даби. Посетата ја започнување со посета на “Sheikh Zayed Grand Mosque”- уникатната џамија која го одзема здивот на секој посетител. Прошеткта ја пдоролжуваме кон уметничкиот музеј и кој претседателскат палата “Al Bateen ”, палатата на неговото височество, како и “Mandarin Oriental Emirates Palace”.
Поминуваме низ марината и “Corniche”и се упатуваме кон островот “ Saadiyat” кој е уште наречен и островот на музеите поради големиот број на музеи.
Продолжуваме кон “Heritage Village” и маркето за урми и како крајна дестинација но не помалку интересна правиме пауза на “Ferrari World Yas Island Abu Dhabi”. По паузата, враќање во хотелот. Превземање на багажот и трансфер до аеродромот.

7 ден 28.04.2026

Полетување за Скопје во раните утрински часови, со преседнување во Истанбул.
Крај на програмата.
 

ЦЕНА: 699 по лице ( 43.338 MKD)
Доплата за еднокреветна соба: 199 еур
Можност за трокреветна соба на барање.
Хотел во понудата: Landmark Summit 4*или сличен на иста локација


 
ЦЕНА: 749 по лице ( 46.438 MKD)
Доплата за еднокреветна соба: 199 еур
Можност за трокреветна соба на барање.
Хотел во понудата: Donatelo Al Barsha 4*или сличен на иста локација
Напомена:
 
  •  За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 лица. 
  • Цените се дадени на база на моменталните располжливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цените се дадени како пакет цена, по лице за сместување во двокреветна соба за мин. 2 возрасни лица, и истите се изразени во евра, за уплата во денарска противредност по курс од 1 еур=62 мкд.
  • Цените на влезниците за локалитетите се од информативен карактер и истите можат да се променат. Правото на промена на цената ја има исклучиво самиот локалитет кој ги продава влезниците.
  • Факултативните излети се со задолжителна резервација најдоцна до две недели пред почетокот на патувањето.
  • Распоредот на екскурзиите се од информативен карактер, и истиот може да се менува според желбите и можностите на групата.   

Детали од летовите:

22.04.2026
Skopje 14:20-Istanbul (SAW) 16:50
Istanbul (SAW) 21:05– Sharja 02:35
28.04.2026
Sharja 03:45- Istanbul (SAW) 07:40
Istanbul (SAW) 12:50- Skopje 13:20
Саатниците на летовите се согласно моменталниот ред на летање и истите можно е да подлежат на промени. Промената зависи исклучиво од авио компанијата.
Цената вклучува:
 
  • Авионски билет на релација СКопје-Истанбул- Шаржа-Истанбул-СКопје.
  • Рачен багаж од 8 кг. по лице со димензии 55x40x23.
  • Трансфер аеродром Шаржа-хотел Дубаи-аеродром Шаржа- 30-40 мин. по правец
  • 5 ноќевања во хотел со 4* на база ноќевање со појадок
  • Целодневен излет (8 часа) разглед на Дубаи со вклучено на 18+ посети
  • Пратител на групата кој ќе ве придружува од Скопје
  • Организација и реализација на патувањето
 
Цената не вклучува:
 
  • Дополнителен багаж (за цена и подетални информации, ве молиме контактирајте ја агенцијата)
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошови
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги

Факултативни излети:
 
  • Пустинско сафари - 51 еур- со вклучен трансфер и вечера
  • Екскурзија Абу Даби 65 еур – на англиски јазик јазик (shared) со вклучен трансфер
  • Kрстарење по Дубаи Марина 65 еур со вклучен трансфер и вечера
  • Burj Khalifa 124 кат влезница 65 еур- Non Prime hours
  • Miracle Garden и Global Village влезници 40 еур- само влезници
  • Dubai frame влезница- 35 еур- само влезници
  • The View Palm Dubai влезница- 40 еур- само влезници
  • Inside Burj Al Arab Tour with Golden Karak Tea- (без трансфер)- 110 еур
  • Dubai Aquarium & Underwater Zoo – со посета на Penguin Cove - (без трансфер)- 46 еур
  • House of Hype Dubai Mall- (без трансфер)- 46 еур
  • Aya Universe (без трансфер)- 36 еур
  • Dubai Safari Park- (без трансфер)- 42 еур
  • Aquaventure Waterpark (Atlantis Aquaventure) - (без трансфер)- 79 еур
  • Dubai Parks and Resorts- (без трансфер)
    • One Park Pass (LEGOLAND или MOTIONGATE или LEGOLAND Water Park или Real Madrid )- - 78 еур
    • Two Park Pass (LEGOLAND или MOTIONGATE  или LEGOLAND Water Park или Real Madrid )- 92 еур
 Напомена и општи услови:
 
  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот како и според условите на кои агенцијата не може да влијае.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 20 лица.
  • Доколку групата не го исполни наведениот минимум на патници, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот и/или да ги промени условите на патувањето и за истото ќе го информира патникот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца  УПI 13-178.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на монт травел објавени на веб страната www.mondtravel.info .
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. 
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.
ПОЈАДОК

АВИОН ОД СКОПЈЕ

5 НОЌЕВАЊА