Истанбул- градот со 1001 приказна за добра ноќ.
Авионски програм со поаѓање од Скопје
Термин: 01-04.05.2025
Со вклучено крстарење по Босфор со вечера!
Истанбул, градот од бајките на 1001 ноќ, мост на 2 континента, два света, град на две мориња, Црното и Мраморното море, еден од најголемите градови по населеност во светот, градот на султаните и харемите, сегашноста и минатото. Еден од ретките градови кој е престолнина на многу култури и империи, исполнет со цркви, џамии, синагоги, дворци, замоци, кули, амами, анови. Трговски град со одлична местоположба атрактивен за трговците кои минеле по патот на свилата.
Кои места задолжително треба да ги посетите доколку некогаш отпатувате во Виена и кои специјалитети задолжително треба да ги пробате? Погледнете во нашата програма.
Програма на патување:
Ден 1:
Мај 01.2024
Индивидуално пристигнување на аеродромот во Скопје. Попладневен лет за Истанбул. По пристигнувањето во Истанбул, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне!
По сместувањето во хотелот, можност за индивидуална прошетка низ стариот град или брегот каде ќе можеме да ги вкусиме неверојатните специјалитети од “улична храна”, познатиот сендвич со риба или ќофте, симити, разни чорби, пиде, дурум, лахмаџун и ајран... Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 2: Мај 02. 2024
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, разглед на градот.
Џамијата Сулејманије, креирана од големиот архитектот Синан во 16 тиот вел за најголемиот владетен на Отоманската империја Султан Сулејман. Синан бил верен поданик на Султанот цели 28 години. Во градината позади Сулејмание, се наоѓаат два мавзолеја, вклучувајќи ги и вечните домови на Сулејман и неговата сопруга Рокселина, како си Сулејман 2 и Ахмед 2.
Прошетката продолжува кој познатата
Сина Џамија, изградена помеѓу 1609-1616 година, оваа импресивна џамија има дури 6 минатиња. Но, зошто Сина? Има две приказни: првата, е поради внатрешноста која е обложена со сини плочки. Втората е: пред многу години, древните морнари кои пловеле покрај џамијата на Мраморното Море ги виделе сините бои на морето како се рефлектираат во џамијата и ја нарекувале сина џамија.
Света Софија, архитектонско чудо прикажано во 30 милиони златни плочки низ неговата внатрешност и широка, рамна купола која била храбар инженерски подвиг во 6 век, времето кога била изградена. Борејќи се со времето виз вековите, позната како најдомелата източно римска црква во Истанбул, изградена 3 пати на иста локација се смета за најстарата и најбрзо завршената катедрала во светот.
Капали чаршија, после историската прошетка, наша препорака е да се изгубите во многубројните улички низ чаршијата, најголемиот покриен пазар во Турција за кој се верува дека има над 4000 продавници. Уживајте во мирисите на рачно дизајнираните парфеми, допирот на прекрасно рачно исткаените килими и во вкусот на турскиот чај со кој ќе ве послуши секој еден добар трговец. Не заборавајте да се ценкате, локалците едвај чекаат да добијат прилика да се наддаваат со вас!
Во вечерните часови, можност за уживање во вечерно
крстарење по Босфорот. Ќе ужуваме во богатата турска трпеза, и уникатната програма со традиционални танчери, ќе научиме за уметноста на стомачниот танц и ќе се забавуваме се до полноќ.
Ден 3:
Мај 03.2024
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен посета на
Долма Бахче сарајот. Оваа палата била изградена во средината на 1800-тите идеја на султанот Абдулмеџид 1, кој бил поттикнат од амбицијата да ја опфати современата суштина на новата ера. За да ја замени претходната структура која била направена од дрво сакал монументална промена од старата привлечност на палатата Топкапи. Новата палата вклучуваше шеснаесет посебни згради со штали, мелница за брашно и саат-кула меѓу нив.
Разгледот продолжува кој
Палатата Топкапи. Изградена во 15 век по налог на султанот Мехмет 2, оваа раскошна убавица била возвишена кралска резиденција на Отоманската империја речиси 400 години, од 15-19 век. Овде можете да ѕирнете во царскиот живот на султаните додека талкате низ големите дворови, павилјони и свечени соби кои прикажуваат импресивна колекција на артефакти и богатства. Со посебен билет, можете да се впуштите и во Харемот - приватен свет украсен со преку 400 извонредно украсени соби каде султанот ги делел со своите сопруги, наложници и деца. Бројни предмети од најславниот период на Отоманската империја денес го красат музејот, од светлечки ракописи и античко оружје до дијаманти и украсени минијатури и најважното од сите свети реликвии, вклучувајќи ја и мантијата на пророкот.
Во попладневните и вечерните часови, можност за засладување во некој од локалните ресторани кои ја служат популарната Захер торта.
Ден 4:
Мај 04.2024
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во раните утрински часови. Лет за Скопје.
Крај на патувањето.