КИПАР ЗА ВЕЛИГДЕН
Плажи, култура и авантура
ТЕРМИН: 17-21.04.2026
Групно поаѓање од Скопје!
КИПАР е островска држава во Средоземното море, четврт  остров по големина после Сицилија, Сардинија и Корзика. Потеклото на името има повеќе толкувања: грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, кану – kypros  или латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови, а летата се топли, со просечна темп. од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република - Северен Кипар, а поголемиот дел од градот припаѓа на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа. Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент
Програма на патување:

Ден 1
: 17 Април 2026
Ларнака

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Утрински лет за Ларнака. По пристигнувањето во Ларнака, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне! Време за слободни активности или факултативна пешачка прошетка на Ларнака. Прошетката ја започнуваме со црквата Св. Лазар која датира од 9ти век, Средновековна тврдина Ларнака од 14 век која е сместена покрај морето, Стар град на Ларнака – калдрмени улици, локални продавници и традиционални ресторани, музејот на Ларнака и музејот за локална историја со артефакти од античкиот период. Нашата прошетка ја завршуваме со “Finikoudes Beach” каде ќе направиме пауза за ручек и ќе уживаме во прекрасното море со чаша добрар коктел. Враќање во хотелот. Ноќевање.
 

Ден 218 Април 2026
Аја Напа и Фамагуста

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на факултативен излет, панорамски разглед на Аја Напа и Фамагуста. Прошетката ја започнуваме со “Nissi Beach”- најпозната плажа со бел песок и тиркизно море, продолжуваме кон “Cape Greco National Park” – природен парк со карпи, пештери и спектакуларни погледи, Манастирот Аја Напа – историски манастир во центарот на градот, Музеј на морето (Thalassa Museum) – со експонати од морската историја на Кипар, (Sea Caves) – природни формации совршени за разгледување и фотографии.
Од Фамагуста ќе видиме: Црква Св. Никола (денес џамија Лала Мустафа Паша) – готска катедрала од 14. век. Оградениот град Вароша (Varosha Ghost Town) – напуштен дел од градот по 1974, денес туристичка атракција, во овој дел од градот свои поседи имале највлијателните луѓе во светот меѓу кои и Софија Лорен. Прошетката ја продолшуваме кон Тврдина Отело (Othello Castle) – венецијанска тврдина поврзана со Шекспировата драма „Отело“, Плажте околу Фамагуста – долги песочни плажи со кристално чиста вода. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и можност за посета на некој од грчките таверни.

Ден 319 Април 2026
Лимасол и Пафос

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет Лимасол и Пафос. Прошетката ја започнуваме со Старото градско јадро на Лимасон – тесни улички со кафулиња, таверни и мали продавници, Лимасолска тврдина – каде што, според легендите, Ричард Лавовото Срце се оженил со Беренгарија, Марина Лимасол – модерно пристаниште со јахти, ресторани и бутици. Патот го продолшуваме кон плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Кратка пауза за одмор и ужување во неверојатниот поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море. Продолжуваме кон античката грчка тврдина Куриум и кон Пафос.
Поминуваме покрај “Lady’s Mile Beach”- плажа покрај соленото езеро каде секоја година зимуваат група Фламингоси. Гробниците на кралевите – археолошки комплекс од 4. век п.н.е., под заштита на УНЕСКО, Пафоска тврдина – средновековна тврдина на пристаништето, симбол на градот, Црквата Св. Павле – со столбот каде, според преданијата, апостол Павле бил врзан и казнет. Пауза правиме во старата чаршија со автентична атмосфера со локални дуќани и кафулиња. Враќање во хотелит. Ноќевање.
 

Ден 4: 20 Април 2026
Ужување на плажа

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или ужување на некоја од плажите.
Враќање во хотелот. Ноќевање.
 

Ден 5: 21 Април 2026

Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности до трансфер за аеродром или ужување на некоја од плажите.  Трансфер до аеродромот во Ларнака. Лет за Скопје.
Крај на патувањето.

Цените се дадени како пакет цена, по лице за сместување во двокреветна соба за мин. 2 возрасни лица, и истите се изразени во евра, за уплата во денарска противредност по курс од 1 еур=62 мкд.
Цената вклучува:
 
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Ларнака -Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 10кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром Ларнака- Хотел Ларнака - аеродром Ларнака
  • 4 ноќевања во хотел со 3* во Ларнака на база ноќевање со појадок
  • Прошетка низ Ларнака со претставник од агенција.
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
 
  • Дополнителен багаж од 10кг (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Дополнителен багаж од 20 кг (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги
 

Факултативни излети:
 
  • Факултативна посета на Аја Напа и Фамагуста- 55€
  • Факултативна целодневна посета на Пафос и Лимасол- 55€
Напомена:

* Цените на влезниците за локалитетите се од информативен карактер и истите можат да се променат. Правото на промена на цената ја има исклучиво самиот локалитет кој ги продава влезниците.
* Факултативните излети се со задолжителна резервација најдоцна до 05.04.2026.  
 * Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива.  
Напомена и општи услови на патување:
 
  • Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца  УПI 13-178.
  • За реализација на овој програм се потребни минимум 20 лица. Доколку минималниот број за реализација не се исполни, организаторот на патувањето го задржува правото да го откаже патувањето или да ја промени цената на програмот. За истото е должен да го извести патникот најмалку 5 дена пред почетокот на патувањето.
  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар објавени на њеб страната www.mondtravel.info
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. 
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
ЗА УПЛАТА ДО 30.12.2025: 

379
(23.498 мкд)     

 РЕДОВНА ЦЕНА 
419 € (25.978 мкд)   

​Можност за уплата на 5 рати!!!
СО ПОЈАДОК
АВИОН ОД СКОПЈЕ
4 НОЌЕВАЊА