social image
КРИТ - ХАНИА ЛЕТО 2026
ТЕРМИН: ЈУНИ, ЈУЛИ, АВГУСТ
Крит е најголемиот грчки остров и една од највпечатливите дестинации на Медитеранот. Крит нуди совршена комбинација од историја, природни убавини и модерна туристичка понуда, што го прави идеален избор за сите типови патници.
Островот е познат како лулка на древната минојска цивилизација. Посетата на Кносос ве носи назад во митско време исполнето со легенди за лавиринти и антички владетели. Историјата тука не се гледа само – таа се доживува.
Но вистинската магија на Крит се открива покрај неговото крајбрежје. Плажите на островот се меѓу најубавите во Европа, со бои што изгледаат речиси нереално. Розевите нијанси на песокот на Елафониси создаваат егзотична атмосфера, додека тиркизните води на Балос лагуна изгледаат како од разгледница. За оние што бараат нешто поразлично, дивата убавина на Матала со своите карпести пештери нуди уникатно искуство.
Кристално чистото море, топлиот песок под нозете и звукот на брановите создаваат чувство на потполна слобода. Без разлика дали сакате мирно сончање, нуркање во проѕирни води или романтични зајдисонца, плажите на Крит ќе ве остават без здив.
Гастрономијата е уште една причина да се посети островот. Критската кујна е дел од медитеранската диета, позната по својата здравствена вредност – свежи маслинки, ароматично маслиново масло, локални сирења и врвни вина.
Со својата комбинација од природна убавина, богата историја и незаборавни плажи, Крит не е само дестинација – туку доживување што ќе сакате повторно да го преживеете.
 
Ханија е еден од најшармантните градови на островот Крит – место каде што историјата, морето и романтичната атмосфера се спојуваат во едно незаборавно доживување. Ханија плени со својата стара венецијанска архитектура, тесни калдрмисани улички и живописно пристаниште кое изгледа како сцена од филм.
Срцето на градот е старото пристаниште, каде што доминира венецијанскиот светилник – едно од најпрепознатливите обележја на регионот. Прошетките покрај морето, особено на зајдисонце, создаваат магична атмосфера исполнета со бои, мириси и звуци на Медитеранот.
Но, вистинската убавина на Ханија се крие и во нејзините плажи. Во близина се наоѓа светски познатата Балос лагуна, со плитки тиркизни води и бел песок што создава егзотичен пејзаж. Не помалку импресивна е и Елафониси, каде што розевите нијанси на песокот и мирното море создаваат чувство како да сте на тропски остров. За поурбано уживање, плажата Неа Хора нуди совршен баланс меѓу релаксација и локален живот.


Цените се дадени по лице.
Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
Постои можност за избор на различни термини како и различен хотел од понудените.

Цената вклучува:
 
  • Авионски билети на релација Скопје- Атина - Ханиа - Атина-Скопје
  • Багаж од 8кг по лице
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на база на наведениот сервис
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром на Крит
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
 
  • Факултативни излети 
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Останати по програма не споменати услуги


 
Напомена и општи услови на патување:
 
  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот како и според моменталната состојба, истите подлежат на доплата за која ке бидете накнадно известени.
  • Програмата е правена на база на 2 лица , доколку минимумот на патници не се исполни, агенцијата го задржува правото на промена на програмата или цената како и да го откаже аранжманот. Доколку дојде до промена или откажување на аранжманот, агенцијата ќе ги извести патниците за настанатите промени.    
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца  УПI 13-178.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. 
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.