КРСТАРЕЊЕ: Heavenly Adriatic

Термин: 12.04/19.04/26.04.2025 (8 дена - 7 ноќи)
Појадок, ручек, вечера - со вклучени пијалоци



Крстарење по Адриатик со поаѓање од Солун

Запловете во ова магично патување на Celestyal, со новиот крузер наречен Celestyal Journey. Заљубете се во неверојатната убавина на Кефалонија, прошетајте низ романтичниот Дубровник, и уживајте во магичниот Котор. Со отпловувањето во Бари, Италија ве очекува град со огромна култура и историја. Крф ќе ве заведе со својата единствена и волшебна атмосфера. Истражете ги археолошките чуда на Катаколон пред вашето враќање во преубавата Атина.

Уживајте во секој момент од ова магично патување.
 

Програма на патување

Датум  
Прв ден
Атина (Грција)
 

Чекирање на бродот. Бродот испловува во 13:00 и се упатува кон Кефалонија.

Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
 
Втор Ден
Кефалонија ​
 

Пристигнување во Кефалонија во 09:00 часот. Појадок.

живајте во разнобојните пејзажи коишто ги нуди најголемиот Јонски остров. Посетете ја пештерата Мелисани или опуштете се со пијалок додека го гледате зајдисонцето на пристаништето на едно од многуте рибарски населби. Бродот го напушта пристаништето во 17:00 часот и се упатува кон Дубровник. 

Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
 
Трет Ден
Дубровник (Хрватска) 

Појадок. Пристигнување во Дубровник на пладне.

Дубровник, исто така познат и како Бисерот на Јадранското море, е познат по многу повеќе покрај снимањето на познатата серија Game of Thrones. Подгответе се да се изгубите меѓу ѕидините на средовековниот град изградени во 11-13 век, барокна архитектура и бескрајно тиркизно пространство.

Испловување во 02:30 часот и упатување кон Котор.  Ноќевање.
 
Четврт Ден
Котор
(Црна Гора)
 

Пристигнување во Котор во 08:00 часот. Појадок.

Искористете го времето за уживање во изобилството на шарени палати и украсени цркви, музеи и плоштади.

Испловување во 17:00 часот.  Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
 
Петти Ден
Бари (Италија) 

Пристигнување во утринските часови. Појадок. 

Бари е пристанишен град кој се наоѓа во јужна Италија во областа Апулија. Овој град ќе ве освои со богатиот мирис од пекарите и раздвиженоста на локалците. Бродот испловува и го продолжува своето патување кон Крф.

Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.
 
Шестти Ден
Крф (Грција) 

Пристигнување на Крф во 08:00 часот. Појадок.

Како еден од најубавите грчки острови, Крф изобилува со разноликост и природна убавина. Како резултат на влијанија од различни цивилизации, ќе ве освои со исклучива архитектура и историја, а грчкото гостопримство ќе го почувствувате во секоја од локалните кафетерии и ресторани. 

Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 
Седми Ден
Катаколо (Грција) 

Пристигнување во утринските часови. Појадок.

Ова рибарско село во себе крие богатство на бесценети артефакти и скулптури.

Посетете го храмот на Зевс а воедно и домот на Олимписките игри. Бродот испловува во 14:00 движејќи се кон Атина и крајот на оваа незаборавна авантура.

Вечерно крстарење исполнето со забава на крузерот. Ноќевање.

 
Осми Ден
Атина (Грција) 

Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. 

Не постои поубаво место за да ја завршите оваа авантура од градот на Акрополис, родното место на демократијата и филозофијата. За крај, задлабочете се во историјата на овој град и неговите улички полни со живот и култура додека се поздравувате со овој космополитски град и ова крстарење.
 
ЦЕНА:
889€
55.118 ден.

ПОЛН ПАНСИОН
КРСТАРЕЊЕ
СО БРОД
7 НОЌИ / 8 ДЕНА



Во цената  е вклучено:
  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey.
  • Сместување во внатрешна кабина, можност за доплата за друг тип на кабина.
  • Претставник од агенцијата на патување.
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот.
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации.
  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците.
  • Бонус 75 € по човек за користење екскурзии.
  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот.
Во цената не е вклучено:
  • Медицински услуги. 
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина.
  • Патничко осигурување.
  • Трансфер од/до Атина (Доколку се оформи група од 30 патници, цената за повратен трансфер изнесува 120 еур. по лице).
  • Факултативни излети.
  • Паркинг доколку користите сопствен превоз.
  • Интернет е со доплата.

Практични информации:
 
  • Доколку се оформи група од 30 патници, цената за повратен трансфер изнесува 120 еур. по лице.
     
  • Чекирањето на бродот е помеѓу 13:00 – 17:00 по локално време. 
     
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци.  
     
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место.
     
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
     
  • За резервација задолжителна е уплата од 50% депозит, целосна доплата 30  дена пред патувањето.
     
  • За овој аранжман важат општите услови на патување агенцијата и Целестијал.
     
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.