Малта – рај во срцето на Средоземното Море

             Авионски програм со поаѓање од Скопје


Термин: 09-13.03.2026
ноќевања + разглед на 2 града вклучено во цената

СО ПРАТИТЕЛ НА ГРУПАТА ОД СКОПЈЕ!!!

Тиркизна вода, прекрасни плажи, целодневни забави и одлична храна се нештата со кои таа ќе ве освои на прв поглед. А, ако на тоа ја додадеме богатата култура и традиција тогаш Малта дефинитивно треба да се најде на листата со места кои треба да ги посетите овој продолжен викенд во октомври.
Програма на патување:

Ден 1: 09 Март 
2026

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Вечерен лет за Малта. По пристигнувањето во Малта, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне! Ноќевање.
 

Ден 2: 10 Март 2026
3 те града и Валета

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, панорамски разглед на трите града и Валета.
“Vittoriosa, Senglea, Cospicua” уште наречени како трите града ќе ве однесат во едно поинакво време, време на Малтешките витези. Лоцирани веднаш спроти главното пристаниште во Валета, немо сведочат за сите окупации низ годините. Виториоса е најстара и најзачувана од сите 3 града и е уште позната и како лулка на малтешката историја бидејќи била прв дом на малтешките витези од редот на Св. Јован уште од 1530 год. До тука можете да дојдете со јавен превоз директно од Валета или со бродче од пристаништето во Валета. Почетокот на ова историско патување го започнуваме со тврдината “St. Angelo” позициониран на полуостровот Виториоса. Оваа тврдина низ сиве овие години стои како гард на пристаништето во Валета, играјќи ја улогата на заштитник на островот. Куќата на Големиот Мастер на одредот на Св. Јован денеска може да се види само од надвор бидејќи е во фаза на реконструкција. Една од извонредните градби кои ни раскажуваат инпозантна приказна е Инквизиторската палата, која првично била користена како суд во 1530 год. Низ годините, таа станува и дом на дел од инквизиторите. Во неа можат да се видат добро сочуваните соби како и некои од келиите во кои се држеле, предавниците, вештерките и неверниците, а на ѕидовите сеуште сведочат цртежите и списите од затворениците. Катедралата “St. Lawrence” неверојатно издание со уникатни слики, статуи и Романски крст дизајнирана од архитектот Лоренцо Гафа во Романско-Барок стил. Во Виториоса можете да ги видите и деловите каде се снимал легендарните филмови “Troy” и “Gladiator” (Тврдината Рикосоли).
Места кои задолжително треба да ги посетите во Малта е Валета градот кој го нарекуваат музеј на отворено. Една прошетка низ овој град и речиси секоја фасада што ќе ја видите ќе ви каже нешто за неговата долга традиција и културна историја. Прошетката ја започнуваме од влезот на Валета и велелепните Тритон фонтан која се наоѓа пред самиот влез. Влезот на градот е означен со мост кој некогаш се дигал и спуштал по потреба да се одбрани градот. Една од портите на градот се користи и денеска како главен влез на градот. Следна станица е “St. John’s Co-Catedral”, катедрала изградена во 16 век, по наредба на витезите од редот на Св. Јован. Се искачуваме кон “Lower Barakka” и “Upper Barrakka” градини направени во 16 век, од кој се пружа неверојатен поглед на градот, пристаништето како и трите града. Разгледот продолжува кон Casa Rocca Piccola”, приватна палата на Малтешката фамилија Нобле. Оваа палата е изградена во 16 век, а фамилијата Нобле низ годините успеала да го задржи тогашниот изглед во потполност. Тврдината Св. Елмо и Националниот воен музеј се исто така неизбежен дел од оваа прошетка. Разгледот го завршуваме со посета на “Grand’ Master’s Palace ”, на плоштадот Св. Ѓоргија, во срцето на Валета, оваа палата ве кани да ја истражите 450 години долга историја создадена од Малтешките витези како и Музејот “Mysterium Fidei”  Музејот на “St Catherine” манастирот и тајните градини. Овој подземен комплекс кој се наоѓа под манастирот Св. Катерина, бил изграден со цел да биде сиропиталиште, а подоцна и како бегство од надворешниот свет на монахињите кои ќе одлучат својот живот да го посветат на Бога и во изолација од надворешниот свет. Во вечерните часови препорачуваме времето да го поминете во Валета и да уживате во традиционална вечера, пијалок, и уличните перформери кои ги има до доцните часови низ целиот град.
Во вечерните часови, можност за разглед на Ст. Јулианс и ужување со чаша пијалок.
Вражање во хотелот.
Ноќевање.

Ден 3: 11 Март 2026
Попај селото и Гозо

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет селото на Попај (панорамски разглед без влезница) кое се наоѓа во северозападниот дел на Малта, мала скриена атракција која пружа вистинска забава за децата, но и за возрасните. Продолжување кон острвот Гозо. Мал остров но неизоставен дел од Малтешката историја и убавина. До Гозо се стигнува за 20 тина минути со фери брод кој оди од Малта доста често. Веднаш по пристигнувањето на Гозо, пауза на неверојатниот видиковец од каде што ќе ги видиме 3 те острови во една линија, Малта, Гозо и Комино со неверојатната Плава Лагуна. Се упатуваме кон плажата со најтиркизно море Двеира, каде до бродче ќе ги посетите водените пештери и ќе ги видите неверојатните корали како и клифови во најразлични облици (возење со бродче 5 еур по лице). Во овој разглед ќе го видиме и местото на некогашниот симбол Азурниот прозорец кој од силно невреме поради ерозија беше уништен во 2017 год. Се упатуваме кон местото каде се снимени кадри од легенрадниот филм - “ Game of Thrones”. ѐследна станица ни е црквата Та Пина, посетена од папата у дарувана со златна роза.  Оваа прошетка ја завршуваме со Викториа, главниот град на Гозо е уште еден сведок на импозантната историја на Гозо и Малта. Малите и тесни улички ќе ве донесат до неверојатни градби како што се катедралата Успение и базиликата “St George” и кон врвот на цитаделата, тврдина полна со музеи, катедрала, продавнички и оружарници.  
Слободно време. Враќање за Малта во попладневните часови.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 4: 12 Март 2026

Појадок во хотелот. Можност за факултативна посета на Мдина и Рабат–. Мдина античкиот главен град и град на тишината, прошетката започнете ја со посета на катедралата “St. Paul”, барокна катедрала, изградена врз остатоците на Норманска црква уништена од катастрофален земјотрес. Продолжете по тесните улички кои ја шепотат историјата и ќе стигнете до најубавата “инстаграмска” порта, обвиткана со розените бугенвилии за да ги направите најфилмските фотографии. Рабат – местото каде ќе ги видите катакомбата на Свети Павле, криптата на Св. Агата римската куќа која денес е музеј. 
Во вечерните часови, можност за прошетка низ Слиема каде ќе ја вкусиме најубавата цимет ролничка.
Враќање во хотелот.
Ноќевање.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА
РАНА УПЛАТА:
349 € - 21.638 MКД

 

РЕДОВНА ЦЕНА:
389 EUR ( 24.118 МКД)

Можност за уплата на 4 рати!!!

ПОЈАДОК
АВИОН ОД СКОПЈЕ
4 НОЌИ
Ден 4: 13 Март 2026

Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови.
Време за слободни активности или факултативна посета на рибарското село Маршаслок. Автентично место со прекрасни разнобојни бродчиња расфрлани по морето. Можност за кратко крстарење по околните места.
Слободно време за ручек.
Враќање во хотелот, трансфер до аеродромот во Малта.
Лет за Скопје во вечерните часови.
 
Цената вклучува:
 
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Малта -Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 8кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром Малта- Хотел Малта - аеродром Малта
  • 4 ноќевања во хотел со 3* во Малта на база ноќевање со појадок
  • Пратител од агенција за време на целото патување
  • Разглед на Слиема со водич
  • Разглед на Св. Џулианс со водич
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
 
  • Дополнителен багаж (проверете со агенцијата пред патувањето за цена и услови.
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги
Факултативни излети:
 
  • Валета + трите града- 30 еур по лице
  • Мдина + Рабат- 30 еур по лице
  • Гозо- 60 еур по лице

Пакет од сите 3 екскурзии: 110 еур по лице.
 

Напомена:
 
  • Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца  УПI 13-178.
  • За реализација на овој програм се потребни минимум 20 лица. Доколку минималниот број за реализација не се исполни, организаторот на патувањето го задржува правото да го откаже патувањето или да ја промени цената на програмот. За истото е должен да го извести патникот најмалку 5 дена пред почетокот на патувањето.
  • Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива. 
  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар објавени на њеб страната www.mondtravel.info
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. 
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.