Париз – градот на љубовта и вечноста
Авионски програм со поаѓање од Скопје
Термин: 08-11.03.2025
Поети, артисти, новинари, и многу други, сите пишувале за нивните љубови во Парис. Град каде ќе искусите култура, софистицираност, класа и стил. Опкружен со готика, мирисите на вкусниоте кроасани, извонредната кујна, овој град вистински го живее своето време со неверојатна возбуда.
Како што рекол Хемингвеј “Ако си доволно среќен да живееш во Парис додека си млад, тогаш каде и да одиш додека си жив, тој останува во тебе, Париз е подвишен празник за душата . ”
Ден 1:
Март 08.2024
Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Попладневен лет за Париз во попладневните часови. По пристигнувањето во Париз, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне!
Ден 2: Март 09. 2024
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, разглед на Латинскиот кварт и Ајфеловата кула. Парискиот Пантеон, низ тесните улички на квартот преполни со кафулиња од кои излегува неверојатната арома на кроасани, сирења и вино проследена со џез нотите, кабаре клубови, најстариот универзитет во Париз, неверојатната книжарница “Shekspeare & company” која ќе ве вовлече во светот на пишаниот збор низ историјата која се проткајува уште од 1919 година, “Musée National du Moyen Age”- скриениот скапоцен камен на квартот познат по велелепната колекција на таписерии, Националниот историски музеј, музејот на Марија Кири, “Rue Mouffetard легендарниот пазар од филмот Џули и Џули со Мерил Стрип.
Во Латинскиот кварт доминираат 4 катедрали и тоа: “Saint-Severin, Saint-Etienne-du-Mont, Saint-Julien-le-Pauvre, and Saint-Médard”.
Во вечерните часови, можете да ги посетите некој од извонредните ресторани со Мишелин ѕвезди, а еден од нив е и “La Tour d'Argent”, изграден во 1780, а од 1912 е во споственост на фамилијата “Terrail” и се смета за ресторан со најдолго поседувани 3 Мишелин ѕвезди и тоа од 1933-1996 год.
Ден 3:
Март 10.2024
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет посета на Ајфеловата кула и Лувр музејот.
Ајфеловата кула, препознатливиот симбол на градот, импресивна структура која датира од 1887 година, составена од 3 ката и веверојатни 276м.
Лувр, лоциран во стариот дел на градот, неверојатно декориран, со огромна колекција од повеќе од 35.000 дела на уметноста. Централното дело на овој музеј е Мона Лиза од Да Винчи.
Во вечерните часови, можност за крстарење по Сена. Оваа крстарење пружа неверојатен призор на Парис во вечерните часови кој потполно поинаку сјае од дневната светлина.
Ден 4:
Март 11.2024
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Можност за посета на катедралата “The Notre Dame”. Маестрално дело на светската архитектура. Во 2019 година дел од горниот дел и покривот беше уништен од разорен пожар, но после 5 години од реновирањето, сега таа изгледа совршено.
Трансфер до аеродромот во Буве- Париз. Лет за Скопје.
Крај на патувањето.
Цената вклучува:
- Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Париз -Скопје со авио компанијата WizzAir
- Рачен багаж од 10кг со димензии 40x30x20
- Трансфер аеродром Парис (Буве)- Хотел Париз - аеродром Парис (Буве)
- 3 ноќевања во хотел со 3* во Париз на база ноќевање со појадок, макс. 6км оддалечен од центарот на градот.
- Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
- Дополнителен багаж од 10кг- (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
- Дополнителен багаж од 20 кг- 70 еур доплата (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
Останати по програма не наведени услуги