Париз – градот на љубовта и вечноста

Авионски програм со поаѓање од Скопје
Термин: 07-11 Март.2026

 
Поети, артисти, новинари, и многу други, сите пишувале за нивните љубови во Париз. Град каде ќе искусите култура, софистицираност, класа и стил. Опкружен со готика, мирисите на вкусниоте кроасани, извонредната кујна, овој град вистински го живее своето време со неверојатна возбуда.
Како што рекол Хемингвеј “Ако си доволно среќен да живееш во Париз додека си млад, тогаш каде и да одиш додека си жив, тој останува во тебе, Париз е подвижен празник за душата . ”
 
 Програма на патување:

Ден 1: 7 Март 
2026

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Попладневен лет за Париз. По пристигнувањето во Париз, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне! 
 
Ден 2:  8 Март 2026

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, разглед на Париз.
Елегантни и монументални булевари од 19-от век, средновековни цркви, најдобрите музеи за уметност во светот, ненадминливиот дух на неговите жители и суптилно (или можеби прилично изразено!) чувство за надмоќ – тоа е Париз! Добредојдовте во светската престолнина на класата, елеганцијата, модата, љубовта, уметноста и извонредната кујна! Град што ја држи оваа позиција континуирано уште од 17-от век! Во оваа тура ќе ги посетиме:
  • “Hotel de Ville”- импозантно здание од 19 век.
  • “Notre-Dame”- Париската убавица која  уште од 12 тиоит век мудро сведочи за сите премрежја на французите. “Sainte Chapelle”- кралската капела, изградена во 13 тиот век во готски стил.
  • “Conciergerie- Поранешен суд и затвор во Париз. Првично била дел од поранешната кралска палата, Palais de la Cité. Од кралската палата денес се сочувани две големи средновековни сали. За време на Француската револуција, 2.781 затвореник, вклучувајќи ја и Марија Антоанета, биле затворени, судени и осудени во Консиержерија, а потоа испратени на различни места за да бидат егзекутирани со гиљотина. Денес објектот е прогласен за национален споменик и музеј.
  • “Pont Neuf”- најстариот постоечки мост преку реката Сена во Париз, Франција. Се наоѓа на западниот крај од островот Ил де ла Сите, кој, помеѓу 250 и 225 г. п.н.е., бил местото на раѓање на Париз, тогаш познат како Лутеција, а во средниот век го претставувал срцето на градот.
  • “Pont des Arts”- пешачки мост во Париз кој ја преминува реката Сена. Тој го поврзува Институтот на Франција со централниот плоштад (cour carrée) на Луврската палата (која за време на Првото француско царство била нарекувана „Палата на уметностите“).
  • “Louvre (history of the palace and museum)- ” дом на некои од најканонските дела на западната уметност, вклучувајќи ја Мона ЛизаВенера од Мило и Победата од Самотраки (Крилата победа). Музејот е сместен во Луврската палата, која првично била изградена кон крајот на 12-от и почетокот на 13-от век под владеењето на Филип II. Остатоци од средновековната тврдина Лувр сè уште можат да се видат во подрумот на музејот. Со проширувањето на градот, тврдината постепено ја изгубила својата одбранбена функција, а во 1546 година Франсоа I ја претворил во главна резиденција на француските кралеви.
  • “Carrousel Arch”- Триумфалната порта на Карузел. Претставува пример на неокласична архитектура во коринтски ред. Изградена во 19 век за да ги одбележи воените победи на Наполеон во војните на Третата и Четвртата коалиција. Триумфалната порта на ѕвездата (Arc de Triomphe de l'Étoile), која се наоѓа на спротивниот крај на Шанзелизе, е приближно двојно поголема; двете порти се проектирани во иста година, но оваа втората била завршена подоцна.
  • “Tuileries gardens” - јавна градина помеѓу Лувр и Плас де ла Конкорд. Создадена е од Катарина де Медичи како градина на палатата Тјулери во 16 век, а за јавноста била отворена во 1667 година, станувајќи јавен парк по Француската револуција. За време на Летните олимписки и параолимписки игри во 2024 година, таму беше поставен олимпискиот и параолимпискиот оган.
  • Латинскиот кварт - Парискиот Пантеон, низ тесните улички на квартот преполни со кафулиња од кои излегува неверојатната арома на кроасани, сирења и вино проследена со џез нотите, кабаре клубови, најстариот универзитет во Париз,  неверојатната книжарница “Shekspeare & company” која ќе ве вовлече во светот на пишаниот збор низ историјата која се проткајува уште од 1919 година, “Musée National du Moyen Age”- скриениот скапоцен камен на квартот познат по велелепната колекција на таписерии, Националниот историски музеј, музејот на Марија Кири, “Rue Mouffetard легендарниот пазар од филмот Џули и Џули со Мерил Стрип. Во Латинскиот кварт доминираат 4 катедрали и тоа: “Saint-Severin, Saint-Etienne-du-Mont, Saint-Julien-le-Pauvre, and Saint-Médard”.
  • По завршувањето на панорамскиот разглед на турата, слободно време за оние кои сакаат да влезат во некој од гореспоменатите знаменитости. Наша препорака е влезниците за локалитетите да ги набавите пред почетокот на патувањето, во консултација со агенцијата како би избегнале чекање или можни пополнувања на местата за посети.
  • Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 3: 9 Март 2026

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет посета на Disneyland.
Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 410 Март 2026
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет Лувр или/ и Версај.
Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 5: 11 Март 2026

Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Трансфер до аеродромот во Буве- Париз. Лет за Скопје.

Крај на патувањето.
 
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.12.2025:
479 € (29.698 мкд) 



 
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ:
549 € (34.038 мкд)

​Можност за уплата на 4 рати!!!

СО ПОЈАДОК
ЛЕТ ОД СКОПЈЕ
4 НОЌЕВАЊА


Цената вклучува:
 
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Париз -Скопје.
  • Рачен багаж од 10кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром Париз (Буве)- Хотел Париз - аеродром Парис (Буве)
  • 4 ноќевања во хотел со 3* во Париз на база ноќевање со појадок, макс. 6км оддалечен од центарот на градот.
  • Пешачка, панорамска прошетка низ Париз со водич.
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
 
  • Дополнителен багаж - (проверете со агенцијата за цена и услови)
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги

Факултативни екскурзии:
 
  • Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
  • Версај  -  влезница, слушалки, јавен транспорт- 80 евра
  • Notre-Dame- влезница, слушалки, јавен транспорт- 40 еур по лице
  • Лувр- влезница, слушалки, јавен транспорт- 65 евра
  • Ајфелова Кула до 2кат + латинскиот кварт  - 50 еур по лице (Ајфеловата кула е само влезница и се плаќа на лице место) .

Цените за влезниците се од информативен карактер. Секој локалитет има право да ја промени цената и истото зависи исклучиво од локалитетот.
За секоја од знаменитостите, задолжителна резервација на влезници во агенција бидејќи често се случува на лице место да нема слободни термини за влез.
Сите екскурзии се одвиваат со јавен транспорт во придрушба на пратителот на групата.
 

Напомена и општи услови на патување:
 
  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот.
  • Програмата е правена на база на 20 лица , доколку минимумот на патници не се исполни, агенцијата го задржува правото на промена на програмата или цената како и да го откаже аранжманот. Доколку дојде до промена или откажување на аранжманот, агенцијата ќе ги извести патниците за настанатите промени најдоцна 5 дена пред почетокот на патувањето.    
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Организатор на патувањето е ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар со A лиценца  УПI 13-178.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ ДПТУ Монд -Комерц ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. 
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни.