St. François-Longchamp се наоѓа во долниот дел на долината Maurienne и се состои од два дела, од кои едниот се наоѓа на 1.450 м надморска височина, а другиот на 1.600–1.650 м. Центарот на населбата е на 1.600 м надморска височина, каде што има бројни ресторани, продавници, сервиси за изнајмување скијачка опрема, како и почетна станица за санкање на шини.
Скијачкиот простор има два дела: St. François и Valmorel, со вкупно 170 км патеки за алпско скијање.
Гостите кои престојуваат во St. François имаат можност да купат ски-пас само за делот од скијачкиот центар што му припаѓа на ова место, додека ски-пасот вклучен во нашиот пакет важи за двата дела – St. François и Valmorel.
Патеките се претежно сини и црвени, но има и зелени и црни патеки. Жичарниците се протегаат од 1.200 до 2.550 м надморска височина
Сместување: Студиа за 4 лица – Plan Mollaret, St. François 1650 м.
Цените се ПО ЛИЦЕ за ОСНОВЕН пакет-аранжман
Цените се ПО ЛИЦЕ за ПОЛН пакет-аранжман