Ден 1:
Маj 20.2026
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Полетување за Венеција во 13:00 часот. Пристигнување во 14:45 часот. Трансфер до хотелот, сместување. Слободно време за ужување на плажа во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.
Ден 2: Мај 21. 2026
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, панорамски разглед на градот.
Плоштадот, камбанаријата Св. Марко и црквата Сан Марко богатството кое го поседува оваа катедрала е од непроценлива вредност. Симбол на културниот сјај, духовен и уметнички центар уште од нејзината изградба во средниот век. Базиликата Св. Марко претставува скапоцен камен на византиската архитектура и еден од најпосетуваните споменици во Италија. Оваа базилика го започнува својот век како мала капела во која се сместени моштите на Св. Марко, а низ годините прераснува во симбол на величественоста и верата во Италија.
Следна за посета е
Дуждевата палата, античко седиште и резиденција на дуждот, симбол на моќ и ремек дело на Венецијанската Готска архитектура. Внатрешноста, со дела од уметници како што се Тицијан, Веронезе, Тинторето, А. Виторија и Тиеполо, огромните соби на советот, извонредно украсени станбени делови и строги затворски ќелии се само дел од величественоста на оваа палата.
“The Grand Canal”- Бидејќи Венеција е град изграден на вода, Големиот канал (Canale Grande) е нејзината најраздвижена главна улица. Опколен со раскошни венецијански палати и преполн со гондоли, водени такси оваа сообраќајница е празник за сетилата. Големиот канал се движи низ централните населби на Венеција од железничката станица Санта Лусија до плоштадот Свети Марко (Пјаца Сан Марко), поминувајќи под иконскиот мост Риалто на патот и функционира како сценска главна артерија за транспорт на луѓе и стоки околу градот на каналите.
“The Rialto Bridge (Ponte di Rialto)” Мостот Риалто, првиот мост играден на Големиот Канал, помеѓу 2 највисоки точки. Оригиналниот мост бил дрвен и изграден во 12 тиот век, подоцна во 1592 година бил заменет со камена конструкција што се потпира на дрвени столбови- храбар дизајн на Антонио да Понте со единствен централен лак над водата што им овозможува на бродовите да минуваат. Денес, мостот е меѓу најпознатите во Италија, пренесувајќи бесконечен прилив на туристи и локални жители преку каналот, додека безброј гондоли и автобуси на вода поминуваат под него.
Мост на воздишките, затворен варовнички мост, кој се протега на тесниот канал (Рио ди Палацо) помеѓу Дуждовата палата и затворите. Нарачан од дуждот Марино Гримани, чиј семеен грб е прикажан во центарот на фасадата, мостот во барокен стил бил изграден околу 1600 година од страна на архитектот Антонио Контино. Заградениот премин го добил името по „воздишките“ на затворениците кои минувале по него. Традицијата вели дека ако парот се бакнува додека минува под мостот во гондола, тие ќе уживаат во вечната љубов.
По прошетката ви препорачуваме да изберете еден од многубројните кафичи на популарните плоштади и да ужувате со чаша Аперол. Враќање во хотелот, ноќевање.
Ден 3:
Мај 22.2026
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет
Верона со локален воз. Градот на љубовта, градот на Ромео и Јулија.
Посетата ја започнуваме со
проштадот Ербе. Не е ни чудо што ова е еден од најисториските и најживописните плоштади во Италија: во антиката служел како римски форум; денес опкружен со многу историски градби, скулптури со популарен и шарен пазар преполн со свежо овошје и зеленчук. Прошетката продолжува кон прлоштадот и статуата на Данте Алигиери, таткото на италијанскиот јазик и познатиот поет и писател. Роден во 1265 година во Фиренца. Во Верона живеел 7 години. Првата локација на статуата не е позната. Направена е од Уго Занони од бел мермер од Карара, неговиот омилен материјал.
Куќата на Јулија- едно од најпознатите места во градот Верона и апсолутна референтна точка за романтичарите. Мала средновековна палата во Верона, каде што семејството Дал Капело веројатно живеело од 13 век. Семејството и го дало своето име на улицата, а амблемот е издлабен во релјеф во клучот на внатрешниот лак на дворот на зградата. Познатиот балкон составен од остатоци од мермер од 14 тиот век кои до 1920 година биле во музејот Касталвекио како материјал кој требало повторно да се користи. Во дворот на куќата има бронзена статуа на Јулија направена од Нерео Костантинини. Во тоа време всушност имало две семејства по презиме Монтеки и Капулети кои се спомнуваат и во Дантеевата Божествена Комедија.
Музејот Кастелвекио- содржи важни збирки на средновековна, ренесансна и модерна уметност (до 18 век). Распослани низ 29 изложбени сали, гордо гоо красат 2500 слики, околу 500 скулптури и бронзи и околу 500 други предмети од средновековието.
The Verona Cathedral or Santa Maria Matricolare Cathedral- Катедралата во Верона стационирана на плоштадот Дуомо, во историскиот центар на Верона, опкружена со елегантни градби кои се чини дека биле речиси направени по нарачка. Тоа е комплексен архитектонски комплекс, кој ги вклучува црквата Сант'Елена, црквата Сан Џовани во Фонте, манастирот на Каноните, Капитолинската библиотека и Епископијата, од кои секоја била изградена во различен период.
Враќање во хотелот. Ноќевање.
Ден 4:
Мај 24.2025
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Трансфер до аеродромот во 09 часот. Лет за Скопје во 12:35 часот пристигнување во Скопје во 14:25 часот.
Крај на патувањето.