Четврт Ден
12.12.2024
(Четврток) |
Пешачка тура низ Стоун Таун, песочниот насип Накупенда, Prison Island и возење со традиционален африкански минибус Дала Дала
Излет на кој понираме во историјата на Занзибар, град на УНЕСКО од 2000та година. Ја посетуваме Старата тврдина (Old Fort), “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар и која прва во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт, однадвор ја посетуваме куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел, Музејот на робовите, Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира, мирис на риба, бука, ценкање, жени со садови врз главите итн...
По живописниот Стоун Таун, на само 30мин. возење од градот се наоѓа песочниот насип Накупенда. Превозно средство ни се локалните дрвени чамци, а тим, позитивните и распеани локалци. Накупенда, на нивниот Swahili јазик значи ,,Те сакам”. Таа нуди толку многу, што за секого ќе има по нешто. Можност за одмор, природа, летни вибрации, плажа, сончање, капење во бесконечниот тиркиз, фотографирање и нуркање.
По Накупенда, следната станица ни е Prison Island. Остров кој ги спојува историјата и природата. Ќе имате можност да ги откриете мистериите на островот, почнувајќи од неговите имиња. Островот е дом на џиновските желки Алдабра, кои кога целосно ќе го испружат вратот од под школките и ќе го подигнат нагоре, достигнуваат висина до половината на возрасен човек. Ќе имате можност да ги храните, да се фотографирате, па дури и да научите ,,финти” како да успеете да исправите една мрзелива, легната желка.
|
Петти Ден
13.12.2024
(Петок) |
Факултативен излет- Сината Лагуна и морските ѕвезди, Baladin Resort 5*, Kae Funk Beach Bar
Пристигнуваме на плажата Pingwe. Фото стоп пред светски познатиот, а воедно и најпознатиот ресторан на Занзибар- The Rock Restaurant, на листата на Michelin Star Restaurants! Започнуваме со пливање по познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon), земаме опрема, маска и цевка за нуркање и го разгледуваме подводниот свет на островот. Црвени, зелени, портокалови, виолетови, сиви се само дел од морските ѕвезди кои стојат прилепени на океанското дно, но она што е фасцинантно е дека тие се на дофат по само кратко нуркање! Доколку имате гумени/платнени сандали за во вода и камерче GoPro ова е вистинско место да ги искористите! Се фотографираме, се капеме, нуркаме, совршено искуство меѓу купот морски ѕвезди и прекрасниот тиркиз! Google photos и Instagram reels, сега се реалност! По нашата авантура, време е за релаксација!
Многумина кога помислуваат на Занзибар, мислат токму на ова. Сместен на бреговите на полуостровот Мичамви, со поглед кон блескавите сини води, Baladin Resort 5*, е вистинско засолниште на луксуз и релаксација. Гостите може да уживаат во вкусните оброци во ресторанот, да се релаксираат со освежителен пијалок во барот и да уживаат во сонцето додека лежат околу базенот за време на нивниот престој. Ви нудиме уникатна и извонредна дестинација, недопрена плажа, гостопримство од светска класа, внимателно уреден декор, меѓународни кулинарски задоволства, елегантно и вистинско бегство на живописниот брег на Занзибар.
Посебно значење му придаваме на бич барот Кае Фанк каде го дочекуваме најцрвеното зајдисонце проследено со логорски оган и акробатско шоу. Се дружиме и учиме да ја танцуваме надалеку познатата ,,Јерусалема”, пиеме коктели, пива, се фотографираме, совршен ден на Занзибар. Полни со позитивна енергија се враќаме во сместувањето.
|
Шестти Ден
14.12.2024
(Сабота) |
Слободен ден за уживање и сопствени активности
Слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Кендва на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн ... пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата.
***Оваа вечер Ве водиме на најпознатиот настан на Занзибар, фамозните Full Moon Party, забави на полна Месечина кои се одржуваат еднаш во месецот на кој настапуваат познати артисти, дџ, денсери од Источна Африка и гостуваат илијадници туристи и локалци кои веќе биле овде дури и од соседните држави.
|
Седми Ден
15.12.2024
(Недела) |
Слободен ден за уживање и сопствени активности
Слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Кендва на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн ... пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата.
|
Осми Ден
16.12.2024
(Понеделник) |
Факултативен излет – Факултативен излет – Mnemba Island (островот на Бил Гејтс), нурќање со делфини и Nungwi Aquarium
Утрото, појадуваме и правиме check-out од нашиот хотел, а куферите ги оставаме во собата за багаж. Со вас понесете средства за хигиена и облека која би ја носеле по пат, така што по завршувањето со плажа/базен ќе може да се подготвите за патување.
Многумина велат хајлајтот на ова патување е островот Мнемба. Најпопуларно место за нуркање со разни шарени риби, дури сигурни сме дека некои видови риби за првпат ќе ги видите, јата делфини, големи живописни корали, а една група сведочеше и во миграцијата на ,,Humpback Whales’’ карактеристични за месец август. Островот Мнемба многу често е посетуван од Бил Гејтс, каде тој има и сопствен хотел. Доколку ни се насмевне среќата ќе имаме можност да уживаме во песочните насипи и да го набљудуваме природниот феномен на плимата и осеката. Нуркаме со делфините, се капеме во загарантирано најсините води додека добивате reply story од вашите пријатели прашувајќи ,,Кое е ова место”. Повторно, каде ако не на Занзибар!
По факултативниот излет кој се води како Half Day Trip, слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Кендва. Заедничка вечера и подготвени за поздравување со нашата нова омилена дестинација.
|
Деветти Ден
17.12.2024
(Вторник) |
Враќање и крај на патувањето
Лет од Занзибар до Истанбул во 05:35ч. (ТК 564). Пристигнување во Истанбул во 13:40ч. по локално време. Преседнување на лет за Скопје (ТК 1005) во 20:15ч. по локално време. Пристигнување во Скопје 19:45ч. Крај на патувањето.
*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.
Можност за еднодневно сафари во Националниот парк Микуми (one day trip by flight)
*цената на сафарито не влегува во пакетот факултативни излети и истата изнесува 350-370USD во зависност од бројот на заинтересирани патници. Овој факултативен излет може да го изведете на деновите предвидени за слободни активности.
|